Пелистер дојде до значајна победа од 2-1 против Силекс во 30. коло од ПМФЛ со која повторно сериозно се враќа во битката за опстанок со лигата. Битолчани, на шест кола до крајот, сега се на само еден бод од Победа, која е на местото кое обезбедува опстанок.
А, голот вреден триумф за Пелистер го донесе Благојче Коњарски со одличен изведен слободен удар од левата страна… Е, сега дали гол на Коњарски, или може да се запише и како автогол на Танушев кој ја зафати топката пред да отседне во мрежата? Сеедно… Најважно за „зелените“ е што си победија!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА