ВИДЕО: Голеада на „Петар Милошевски“…. Македонија со Унгарија има 2-2 на полувремето!

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери има 2-2 против Унгарија на полувремето од вториот меч во елитните квалификации за пласман на ЕП.

Унгарците поведоа со голот на Мочи уште во 4. минута од средбата, а избраниците на Вујадин Станојковиќ израмнија со голот на Бојан Колевски во 12. минута….

Унгарија повторно дојде до водство во 36. минута со голот на Шон…

Но, за да имаме резултат кој во вториот дел ќе ни овозможи и битка за триумф се погрижи Димитар Митровски со погодок во судиското продолжение…

На Македонија и е неопходна победа против Унгарија доколку сака да остане со надежите за првото место во групата.

Се вчитува...