ВИДЕО: Голеадата на Чаир… Мајстории на мало, евро-голови и хет-трик на Баже!

Шкупи дојде до значајни три бода против Пелистер во триумфот од 5-2 во заостанатиот натпревар од 26. коло во ПМФЛ, со кои ја продолжува посериозно трката за европски излез.

Во голеадата на Чаир бројни мајстории на мало, седум погодоци, евро-голови и хет-трик на Баже Илијоски.

Домашните дојдоа до водство уште во 5. минута со голот на Јашароски…

Во 11. минута, веќе беше 2-0 со првиот гол на Баже Илијоски…

А, потоа следеше евро-погодокот на Петар Љамчевски во 19. минута за намалување на резултатот на 2-1, но набрзо потоа пред полувремето Баже Илијоски зголеми на 3-1…

Во вториот дел, следеше и третиот гол на Илијоски во 47. минута, потоа Маркоски од пенал во 66. минута намали на 4-2, а конечните 5-2 ги постави Буњамин Шабани во 75. минута.

Се вчитува...