ВИДЕО: Голеадата на „Филип Втори“… Седумка за радост на Ренова!

Ренова победнички ја почна новата сезона триумфирајќи со 3-4 на гостувањето против Работнички во Скопје.

„Гипсарите“ по само 11 минути игра имаа водство од 0-2 со головите на Сулејмани и Јусуфи…

Петар Петковски со одличен погодок во 23. минута намали на 1-2…

На почетокот од вториот дел, по големата грешка на Леон Најдовски, Ренова повторно се одлепи со голот на Влатко Стојановски.

Остоја Стјепановиќ реализираше пенал за 2-3, но повторно Влатко Стојановски беше кобен за „романтичарите“ за 2-4.

На крајот, Александар Ристевски си постигна автогол во 86. минута, за конечни 3-4.

Се вчитува...