Видео: Голем „кикс“ на Варан – Реал губи во Украина

Реал Мадрид се наоѓа во незавидна ситуација во групната фаза од ЛШ откако „кралевите“ примија гол и губат со 1-0 на гостувањето против Шахтјор.

Украинците веќе го шокираа големиот фаворит среде Мадрид, а сега дојдоа до водство и на мечот во Киев, казнувајќи ја големата грешка на Рафаел Варан. Французинот не се снајде најдобро во сопствениот шеснаесетник бегајќи од топката наместо да ја расчисти опасноста, оставајќи Дентињо да натрча и да ја смести во мрежата на немоќниот Куртоа.

Нема сомнеж дека отсуството на капитенот Рамос претставува огромен проблем за Зидан.

 

Се вчитува...