ВИДЕО: Големиот Шекил О’Нил му се поклони на Јокиќ – „Ретко фалам центри, ама ти си нешто импресивно“

Денвер славеше против Мајами со 104-93 и поведе со 1-0 во големото финале од НБА лигата. Никола Јокиќ повторно беше во центарот на сите случувања со деветтиот трипл-дабл во плејофот сезонава (поправајќи го својот рекорд) и 15-ти трипл-дабл во кариерата во плеј-оф мечевите. Само Џејсон Кид во 2022 година пред него во финале дебитирал со трипл-дабл учинок.

По мечот Јокиќ остана да зборува со екипата од НБА ТВ, меѓу кои беа и легендарните Шекил О’Нил и Чарлс Баркли, кои не штедеа зборови пофалба за српскиот кошаркар.

А, кога се чинеше дека интервјуто е завршено, Шек имаше само уште нешто, на крај, „поклонувајќи“ се пред Јокиќ

„Последно нешто. Не ги фалам многу центрите, ретки се тие кои ги фалам, но брате ти ги заслужуваш сите пофалби на овој свет“ – рече Шек.

„Ти благодарам многу, Шек, ова многу ми значи“ – му одговори Јокиќ.

„Многу, многу е импресивно е да те гледаме голем човеку“ – дополни Шек шегувајќи се и дека Јокиќ сега е „член на алијансата на големите центри“.

На крајот Шекил О’Нил дополни дека сака да ги запознае и браќата на Јокиќ.

„Кажи им на браќата дека сакам да ги запознаам“ – заврши Шекил О’Нил.

Се вчитува...