ВИДЕО: Голот на Чурлинов кој ја најави победата на Штутгарт

Дарко Чурлинов вчера постигна гол на првиот меч по неговото враќање во Штутгарт. И покрај тоа што траеше сагата околу негово продолжување на престојот во Гелезнкирхен во тимот на Шалке, сепак, сега е јасно дека тој останува во Штутгарт, и дека ќе треба да се концентрира кон настапите во таборот на „швабите“.

Вчера Дарко Чурлинов на мечот со Цирих влезе во вториот дел, и играше како десно крило (во Шалке играше по левата страна), и постигна вол во 69. минута, најавувајќи ја пресврт победата на својот тим. До крајот Штутгарт постигна и трет гол, а Цирих само успеа да намали на 3-2.

Се вчитува...