ВИДЕО: Голот на Хасани со кој Шкендија дојде до тешки три бода…

Шкендија, иако потешко од очекувањата, сосема заслужено стигна до триумф од 1-2 на гостувањето против Скопје во Автокоманда.

Тетовци до трите бода, по активна иницијатива во второто полувреме, стигнаа со голот на Ферхан Хасани во 80. минута кој мајсторски ја заокружи одличната акција почната токму од него…

Претходно, уште два прекрасни погодоци имаше на дуелот во Автокоманда. Најпрво, Филип Мишевски извонредно стрелаше во 20. минута директно од слободен удар од околу 25 метри…

А, Бесарт Ибраими по една убава акција во 39. минута со силен шут израмни на 1-1…

Се вчитува...