ВИДЕО: Голот на Илиески со кој Победа го „нокаутираше“ Вардар

По оној убедлив пораз од Реал Сосиедад во Лигата на Европа пред три дена, екипата на Вардар доживеа нова сериозна шлаканица, сега во 11. коло од македонскиот шампионат со поразот од 1-0 на гостувањето против Победа во Прилеп.

Прилепчани демонстрираа далеку подобра игра од шампионот, посебно во второто полувреме, па на крајот сосема заслужено стигнаа до трите бода со голот на Дарко Илиески во 77. минута кој ги „нокаутираше“ црвено-црните…

Се вчитува...