ВИДЕО: Голот на Имери за предност на Шкендија на дербито против Вардар

Шкендија има предност од 1-0 против Вардар по првите 45 минути во дерби пресметката од 19. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци до предноста дојдоа со голот на Омар Имери во 22. минута од средбата…

Во продолжението, Филип Најдовски имаше 100% шанса за израмнување во 38. минута, но топката по неговиот шут од 35 метри заврши во дирекот од голот на домашните.

Се вчитува...