ВИДЕО: Голот на Кјелини за водство на Италија на полувремето…

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Репрезентацијата на Италија води со 1-0 по првото полувреме против Македонија во претпоследниот квалификациски натпревар за СП 2018 во Торино.

Во главно не премногу возбудливи први 45 минути, Италијанците за нијанса беа подобри од македонската селекција, создавајќи три шанси за погодок од кои ја искористија онаа на Кјелини во 40. минута за 1-0…

Македонската селекција имаше, пак, две убави можности но Буфон одбрани по прекрасната соло акција на Горан Пандев, а во финишот на првиот дел Кјелини блокираше пред налетот на Несторовски.

Се вчитува...