ВИДЕО: Голот на Пелистер за триумф над Лабуништа – битолчани на само шест бода од врвот

Со одличните партии во пролетниот дел од сезоната, Пелистер веќе се најавува и како најсериозен кандидат и за првото место во Втората лига – Запад.

Воден од извонредниот стратег Дарко Крстевски, Пелистер денеска дојде до нова победа во шампионатот со 1-0 против директниот конкурент за водечките две позиции, Лабуништа. Стрелец на единствениот гол за триумф беше Благоја Љамчевски со удар од белата точка во 59. минута.

Пелистер сега со 25 бода е на само три бода од Лабуништа, а на шест бода од лидерот Струга Трим Лум.

Се вчитува...