ВИДЕО: Голот на Тотре за шампионското крунисување на Шкендија

Шкендија, сосема заслужено, на дури четири кола пред крајот на првенството ја одбрани титулата во шампионатот на Македонија откако во 32. коло славеше со 0-1 на гостувањето против Работнички на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Голот за титула на тетовци, откако Вардар ремизираше на гостувањето против Шкупи, го донесе Тотре во 91. минута…

Сега Шкендија е со 13 бода предност во однос на второпласираниот Вардар на четири кола до крајот на шампионатот.

Се вчитува...