ВИДЕО: Голот во последните секунди на Новак – колку Вардар да избегне срам!

Вардар успеа да го спречи првиот свој пораз во историјата од тимот на Шкупи, или поранешна Слога Југомагнат, на свој терен.

Во 27. коло од ПМФЛ, Шкупи имаше предност со голот на Имери се до 94. минута од средбата, кога Евгениј Новак буквално во последните секунди успеа да израмни за конечни 1-1…

Претходно, Шкупи поведе во 31. минута по нафрлањето на Адем и погодокот на Омар Имери…

Се вчитува...