ВИДЕО: Голови какви ретко се гледаат – Аплаузите за Бајрами и за Мицевски!

Шкупи и Вардар одиграа извонреден натпревар во 32. коло од Првата македонска фудбалска лига кој на крајот заврши без победник, 2-2. Ревија на четири прекрасни погодоци беа видени денеска во Чаир, од кои оние последните два на двете страни вистински ремек-дела.

Први до водство дојдоа домашните со голот на Сержо Жуниор уште во 32. минута од средбата…

Сепак, во 43. минута израмни Реис Жуниор кај Вардар…


Во вториот дел, капитенот на Шкупи, Муарем Бајрами во 85. минута постигна ретко виден погодок на нашите терени директно од слободен удар…

Но, „контра-одговор“ на ист начин директно од слободен удар следеше и од Дарко Мицевски во 88. минута за конечни 2-2…

Се вчитува...