Вардар со 37-35 го совлада Тулуз во последното коло од ЕХФ Европската лига, и го завери првото место на табелата со 10 бодови. Сега за „црвено-црните“ преостануваат уште четири натпервари до крајот на годината, а еден од нив е гостување во Битола кај лутиот ривал Е. Пелистер.
Натпреварот ќе се игра на 10. декември, и во голема мера може да биде одлучувачки за титулата. После натпреварот со Тулуз, капитенот Гоце Георгиевски од навивачите на Вардар побараа да дадат голема поддршка на дербито во Битола.
„Дојдете и дадете поддршка во плеј-офот, и да ја вратиме титулата“, им се обрати на навивачите капитенот на Вардар, а потоа следуваше голема еуфорија кај фановите на „црвено-црните“.
Вардар во првенството има импресивни 14 победи од 14 натпревари, и моментално има четири бодови предност пред ривалот од Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

