Видео: Гредата три пати го спасуваше Копенхаген против Хобро

Копенхаген не само што попладнево ремизираше против Хобро, туку данскиот првак мора да биде и задоволен од ваквиот исход со оглед на случувањата на теренот.

Имено, сосема неочекувано гостите ги имаа најдобрите шанси на средбата, а Копенхаген дури три пати се спасуваше откако ударите на фудбалерите на Хобро завршуваа во рамката од голот на домаќините.

Јасно е дека актуелниот дански првак е во криза, а на фудбалерите на Вардар е да го искористат тоа, да ја одбранат предноста од Скопје и да остварат историски успех со пласманот во групната фаза од едно европско натпреварување.

Се вчитува...