ВИДЕО: Грешката на „вардарци“ Ристов не ја прости…

Силекс и со играч помалку низ текот на целото второ полувреме успеа да дојде до победа од 1-0 против Вардар во 14. коло од ПМФЛ, спречувајќи продолжување на низата позитивни реултати за тимот на Александар Васоски.

Кратовци, по исклучувањето на Карчески на крајот од првиот дел останаа со 10 фудбалери на терен. Но, тоа не ги спречи во 51. минута да дојдат до гол за победа. Тантуровски одлично нафрли од левата страна, а грешката и несигурноста на вардаровата одбрана одлично ја искористи Денис Ристов со гол за три бода.

Се вчитува...