ВИДЕО: Грузијците со гол од пенал до брзо водство

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Грузија експресно брзо дојде до предност од 1-0 на натпреварот против Македонија во 2. коло од Лигата на нациите.

Алиоски во 11. минута по левата страна во шеснаесетникот стартуваше врз Кваратшкелија, и судијата без размислување покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот во 13. минута за водство на Грузијците од 1-0 беше Окријашвили.

Се вчитува...