Видео: Халанд продолжува онаму каде што застана, хет-трик во првиот меч од новата сезона

Ерлинг Халанд ја почна новата сезона на ист начин на кој што доминираше на терените ширум Германија и во текот на ланската, постигнувајќи хет-трик за Борусија Дортмунд на премиерниот дуел од националниот куп против Вехен.

„Милионерите“ го добија овој меч со 0-3, а сите три погодоци беа дело на Халанд. Норвежанецот делуваше незапирливо, имаше неколку стопроцентни шанси од кои искористи три (една од нив од пенал).

Се вчитува...