Видео: Хансен е трет во историјата со 250 гола на ЕП, знаете ли кои се останатите двајца?

Микел Хансен постигна седум гола во рутинската победа што Данска ја извојува на дуелот со Холандија, за визирање на место во полуфиналето на европскиот шампионат.

Она по што данскиот „бомбардер“ ќе го памети овој меч е прекрасниот погодок во првото полувреме, со кој Хансен стана само трет ракометар во историјата кој ја стигнал границата од 250 гола на европските првенства.

Пред Хансен, тоа им успеало единствено на Никола Карабатиќ од Франција и на Гудјон Валур Сигурдсон од Исланд.

Се вчитува...