Видео: Хаос на стартот на „Спа“ – Алонсо го прелета Леклерк, ама буквално

Самиот старт на трката за ГН на Белгија донесе и сериозен инцидент, во кој беа вклучени три болиди. Главен виновник е Нико Хулкенберг, кој пред првиот свиок налета на Фернандо Алонсо, кревајќи го во воздух болидот на Шпанецот.

Алонсо буквално го прелета Чарлс Леклерк при приземјувањето неговиот болид видно оштетен излета надвор од патеката. За среќа, при приземјувањето го промаши Леклерк, но тројцата возачи вклучени во инцидентот сепак не беа во можност да ја продолжат трката.

 

Се вчитува...