ВИДЕО: Хаос во Марсеј, навивач влезе на терен и тргна кон Меси, па следуваше прекин

Натпреварот Марсеј и ПСЖ се одигра под голем набој и притисок од трибините на „Велодром“. Тоа и се очекуваше со оглед на ривалството на двата тима. Натпреварот заврши без голови, а одново натпревар во Франција е во сенка на навивачите.

Навивач на домашниот тим втрча на терен и тргна кон Меси кога Аргентинецот веќе беше пред противничкиот гол, па судијата мораше да го прекине мечот. Навивачите на Марсеј при секој корнер фрлаа со предмети кон играчите на ПСЖ. Обезбедувањето не ја изврши својата работа, па така Марсеј го чека голема казна од француската федерација за овие сцени.

Се вчитува...