Видео: Хаотично е во Париз, цел стадион им свири на Меси и на Нејмар

Елиминацијата од Лигата на Шампионите ги разбесни навивачите на ПСЖ, кои за главни виновници за очајното второ полувреме против Реал Мадрид ги сметаат Лео Меси и Нејмар.

Пораката беше гласно пратена пред и за време на денешниот меч со Бордо, откако од трибините на „Паркот на принцовите“ можеа да се слушнат само свирежи при најавувањето на аргентинскиот и на бразилскиот фудбалер.

Покрај тоа, навивачите ги исвиркуваат екс-фудбалерите на Барселона при речиси секој нивни допир со топката, како јасен знак на продлабочување на хотичната состојба на францускиот гигант.

Се вчитува...