ВИДЕО: И петти гол за Миовски во Унгарија, овој пат за реми на МТК

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го запиша и својот петти гол сезонава во унгарскиот шампионат, во ремито на МТК од 1-1 на домашен терен против Дебрецин.

Во пресметката против тимот на Давид Бабунски, кој ги одигра последните десет минути на дуелот, Миовски погоди уште во 12. минута на дуелот со луциден удар од 12 метри за водство на МТК од 1-0.

Гостите, сепак, со голот на Ференци во 65. минута дојдоа до бод.

Се вчитува...