ВИДЕО: Ибраими и Дориев царуваа во првото, Нафиу и Тотре во второто полувреме, Шкендија лесно ги реши „лавовите“

Шкендија доминираше во дерби пресметката од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига за убедлива победа од 5-0 против Македонија ЃП.

Неочекувано лесно тетовци тотално доминираа на терен. Во првото полувреме царуваа Бесарт Ибраими со две асистенции и гол, и Љупче Дориев со гол и асистенции, и сето тоа дополнето со уште еден погодок на 16-годишниот Дашмир Елези за водство од 3-0 по првите 45 минути.

Во второто полувреме, пак, царуваше Валмир Нафиу кој постигна прекрасен гол за 4-0 и му сервираше погодок на репрезентативецот Енур Тотре за 5-0.

Се вчитува...