ВИДЕО: Ибраими и Хасани, за Ренова доволни!

Шкендија продолжува со победите во домашниот шампионат, не дозволувајќи никакво изненадување и во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ славеа со лесни 2-0 против Ренова.

Целокупната задача фудбалерите на Шкендија си ја завршија во првото полувреме од средбата. Најпрво Бесарт Ибраими погоди уште во 6. минута по одличното проигрување од Изаир Емини. А, потоа во 35. минута и Ферхан Хасани се запиша во листата на стрелците за конечни 2-0.

Се вчитува...