ВИДЕО: Ибраими ја спаси Шкендија, Струга ТЛ цели 70 минути чуваше водство по голот на Ристевски

Струга Трим Лум одигра уште еден квалитетен натпревар во Првата македонска лига. Стружани беа сосема блиску до триумф и против Шкендија во 13. коло, но дозволија со помалку среќен гол на Бесарт Ибраими во 79. минута тетовци да дојдат до бод за конечни 1-1.

Павич во обид да нафрли од левата страна ја погоди гредата, па топката се одби до Ибраими кој со лизгачки старт погоди за 1-1.

Претходно, Струга ТЛ чуваше предност речиси 70 минути, по голот на Александар Ристевски со глава уште во 12. минута.

Се вчитува...