ВИДЕО: Ибраими во свој стил за запечатување на триумфот во Маџари….

Шкендија беше подобар противник од Вардар во дерби пресметката од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига, па на крајот заслужено стигна до триумфот од 0-2.

Мечот го одбележа првиот гол на тетовци во 45. минута кога Изаир Емини погоди од непосредна близина. Топката заврши околу гол линијата, па низ многу протести на „вардарци“ на крајот беше признаен…

Во второто полувреме, и покрај негативата Вардар не успеа да создаде посериозна шанса за израмнување. Па, во 89. минута Бесарт Ибраими во свој стил со убав шут од 16 метри заокружи на 0-2…

Се вчитува...