ВИДЕО: Идеална завршница – Борко одбрани пенал, Филип испрати проектил!

Иако минуваа низ игра со падови во второто полувреме, македонските ракометари имаа идеална завршница на квалификацискиот натпревар за ЕП, победувајќи го Исланд во „Борис Трајковски“ со 30-25.

Последната минута мина повеќе од посакувано за избраниците на Раул Гонзалез. Најпрво, голманот Борко Ристовски одбрани пенал на противникот, а потоа Филип Талевски ја запечати нашата победа во свој стил – со проектил!

Се вчитува...