Видео: Имаше ли пенал за Баерн во 1. минута?!

Секој натпревар меѓу Баерн и Реал носи со себе и судиски дилеми, а најголемата вечерва се случи веќе во првата минута. Карвахал киксна при првата акција на Реал, по што Левандовски тргна по десната страна.

Полјакот неуспешно го проигра Томас Милер, но повторената снимка покажува дека имало туркање од зад грб од страна на Карвахал, токму пред Левандовски да ја упати топката до осамениот соиграч.

Контактот е многу сличен на оној на Бенатија со Лукас Васкез, но Кујперс реши да не досуди ништо. Проценете и самите дали стануваше збор за прекршок за пенал.

Се вчитува...