ВИДЕО: Инцидентот по голот на Шкендија… Гачевски се „нафрли“ на помошникот, Лира го „зграби“ четвртиот судија

Финишот на првото полувреме од дербито меѓу Вардар и Шкендија на 10. коло во Првата македонска фудбалска лига мина во знакот на инцидентот по погодокот на Изаир Емини.

По голот на гостите, жестоко реагираа „вардарци“ кои смеаат дека топката не ја минала гол линијата по ударот со глава на Емини… Најжесток беше голманот Филип Гачевски кој се насрна на помошниот судија која ја „пресуди“ голот да се признае. Во мешаниците се издвои и инцидентот во кој беше вклучен Бразилецот Лира кој буквално го „зграби“ четвртиот судија Жарко Тодороски кој, пак, само се обидуваше да ги смири страстите меѓу актерите…

Лира доби само жолт картон по инцидентот, но јасно е дека согласно видео снимките дека ќе се соочи и со пожестока казна од Дисциплинската комисија на ФФМ…

Се вчитува...