ВИДЕО: Итало дебитираше веднаш со гол за Вардар…

Бразилскиот напаѓач Итало доби можност од новиот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски денеска да дебитира во црвено-црниот дрес на дуелот од 2. коло во ПМФЛ против Победа.

И Итало, кој во Вардар треба да го замени Балотели, веднаш дебитираше и со погодок за својот нов клуб. Во 68. минута Бразилецот донесе водство во тие моменти од 3-0 за Вардар. До крајот, неговиот сонародник Хуан Фелипе ги постави конечните 4-0…

Се вчитува...