ВИДЕО: Иван Николов по само 47 секунди игра постигна гол за Сондерјиске

Само 47 секунди игра му беа неопходни на младинскиот репрезентативец на Македонија, Иван Николов да постигна гол за Сондерјиске против Хобро во Втората лига на Данска.

Николов кој очекувано го почна мечот од првата минута, го постигна најбрзиот гол во својата кариера носејќи предност за својот тим по само 47 секунди од судискиот свиреж за почеток на натпреварот кој на крај заврши без победник, 2-2.

Ова е трет сезонски гол за Николов кој има досега и четири асистенции. Сефер Емини, пак, настапи до 69 минута во дресот на Сондерјиске.

ГОЛОТ НА ИВАН НИКОЛО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...