ВИДЕО: Јане Николоски не и помогна многу на Победа – „лавовите“ ги однесоа на дното

Со пораз и сместување, заедно со Беласица, на дното од првенствената табела прилепска Победа го заврши есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалерите на Македонија ЃП го „зацрнија“ дебито на Јане Николоски на клупата на Победа. Лесна победа на „лавовите“ од 0-2 запишана со два гола уште во првото полувреме. Најпрво во 4. минута одличната акција со прекрасен гол ја круниса Христијан Кировски, а потоа и Бразилецот Робсон Да Силва во 28. минута со волеј удар ја заокружи победата.

Победа со 17 бода на крајот од есента, заедно со Беласица, се на последните две позиции на табелата додека Македонија ЃП со 21 бод е на 6. место.

Се вчитува...