ВИДЕО: Јуфо погодува само против „својата“ Шкендија – и тоа се ремек-дела!

Бразилскиот интернационалец од редовите на Пелистер, Виктор Јуфо го постигна најубавиот погодок на денешните натпревари од 16. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Јуфо постигна еврогол од слободен удар во првото полувреме за водство на Пелистер на гостувањето против Шкендија од 0-1. Но, до крајот на мечот Шкендија со пресврт успеа да стигне до победа од 2-1.

А, интересно, Виктор Јуфо кој е поранешен фудбалер на Шкендија сезонава погодува само на дуелите против црвено-црните од Тетово.

Ова е трет гол сезонава за Јуфо и сите три против Шкендија. Првите два ги постигна во август во првиот сезонски меч меѓу двете екипи кој заврши без победник 2-2. И, интересно и тогаш Јуфо постигна прекрасен гол директно од слободен удар, а вториот негов погодок во Битола против Шкендија беше од пенал.

Се вчитува...