ВИДЕО: Како Галевски „културно“ си се прошета низ чаирската одбрана и го „среди“ Шкупи

Прилепска победа го приреди најголемото изненадување во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига со ремито (1-1) на гостувањето против шампионот Шкупи во Чаир.

Комплетните возбудувања на дуелот е случија во последните десет минути од средбата.

Најпрво чаирчани поведоа со голот на Реналдо Цефас во 81. минута…

Но засилувањето на Победа, Иван Галевски во 84. минута буквално си се прошета покрај домашната одбрана и постигна убав погодок за израмнување и конечни 1-1.

До крајот Шкупи постигна и гол, но беше поништен поради офсајд позиција на Реналдо Цефас, а останаа нереализирани уште две 100% шанси за конечни 1-1.

Се вчитува...