ВИДЕО: Како и со Зенит… Вардар „скршен“ за 10 минути!

Не траеше долго отпорот на македонскиот шампион и против Реал Сосиедад во 3. коло од групната фаза во Лигата на Европа. „Вардарци“ по 12 минути на „Филип Втори“ веќе имаат негатива од 0-1 во пресметката со шпанскиот прволигаш.

Нешто слично како и првиот дуел во Скопје против Зенит, отпорот на „вардарци“ беше „скршен“ по само десеттина минути. По нафрлањето од корнер од десната страна, на вториот дирек се најде Ојарзабал кој од само едно метро смести во мрежата на Гачевски…

Веднаш потоа, во 14. минута Шпанците имаа можност и за 0-2, но Чаби Прието го погоди само дирекот од голот на Вардар.

Се вчитува...