Видео: Како промаши Марсијал, не знае ни тој самиот

Антони Марсијал e главниот виновник за вечерашниот пораз на Манчестер Јунајтед од ПСЖ, поради промашениот зицер на самиот почеток од второто полувреме.

Резултатот гласеше 1-1 кога Рашфорд одигра извонредно двојно додавање со Кавани, а потоа несебично му асистираше на Марсијал, кој од пет-шест метри требаше да ја смести топката во мрежата. Французинот обично ваквите шанси ги реализира рутински, но вечерва се посрамоти шутирајќи над гредата.

Погледнете го ова промашување на Марсијал, дефинитивно едно од најголемите во неговата кариера.

Се вчитува...