Шкендија сезонава го има најдобриот свој прволигашки старт во историјата, а најдобриот и воопшто во македонскиот фудбал во последните пет сезони откако Првата лига е со 10 екипи.
На крајот од првиот круг во првенството, четата на Ќатип Османи стигна и до осмата победа, наспроти само едно реми во досегашниот тек од шампионатот. Овој пат тетовци сосема заслужено славеа против Пелистер во Битола со 1-3, реализирајќи само една полесна прошетка под „Тумбе кафе“.
Победата беше најавена уште во 3. минута со голот на Ферхан Хасани, а капитенот по речиси идентична акција реализираше на мајсторски начин со лоб и во 39. минута.
Повторно од контранапад во 73. минута Шкендија дојде до водство и до 0-3, а почесниот гол веќе во следниот напад по тргнувањето од центарот “пелистерци“ го реализираа преку Матеј Цветаноски во 74. минута…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА