ВИДЕО: Како Шкупи си поигруваше со Вардар и неговите „дечиња“ фрлени во оган

Без разлика што резултатски апсолутно ништо за Вардар не значеше денешното гостување во Чаир во последното коло од актуелната сезона, сепак повеќе од изненадувачки делуваше одлуката младите момчиња да бидат пуштени на мегдан со Шкупи. Дали тоа значи и заминување на сите оние досегашни првотимци кои недостасуваа за денешниот натпревар, ќе се види наредниот период!

Но, одлуката на клубот да излезе на мегдан со Горан Попов и „дечињата“, не беше пречка за Шкупи да запише лесен триумф, една од најубедливите во Чаир против Вардар.

Голеадата ја отвори Јашароски со „бомбата“ во 26. минута, иако веќе во 34. минута Али Адем со деби гол за Вардар донесе израмнување…

Но, набрзо во 40. минута убав гол и на Баже Илијоски за 2-1…

А, во 43. минута Јашароски со својот втор гол донесе и 3-1 пред полувремето…

Во второто полувреме, Буњамин Шабани во 75. минута по една убава соло акција донесе конечни 4-1!

Се вчитува...