ВИДЕО: Како Силекс ремизираше со Црвена Звезда…

Кратовски Силекс одигра квалитетен натпревар ремизирајќи (1-1) со белградска Црвена Звезда на пријателскиот дуел во Анталија.

Црвена Звезда поведе многу рано, уште во третата минута, со автоголот на Филиповиќ. Тој по корнерот на Милијаш несмасно реагираше и со удар со глава си ја затресе сопствената мрежа.

Силекс израмни во 51.минута. По центаршутот од десната страна, Благојевиќ скокна највисоко во протиничкиот шеснаесетник и со удар со глава погоди на вистинското место…

Се вчитува...