Видео: Како Скубе ја збудале Барса – 16 асистенции на „екс-вардарецот“

Сташ Скубе одигра неверојатен натпревар за Мешков Брест против Барселона во првото четвртфинале од Лигата на Шампионите. Поранешниот ракометар на Вардар го рехабилитираше својот тим по почетниот пок и водството на Барса од четири гола, успевајќи да го врати Мешков во игра.

Скубе беше фантастичен, постигна три гола, но подели и дури 16 асистенции до остатокот од тимот, што беше доволен повод за ЕХФ да состави видео-компликација од најдобите потези на Словенецот.

Одличното издание на Скубе сепак беше недоволно за да се избегне пораз, Барселона на крајот триумфираше со 29-33 и се наоѓа на чекор до пласман на фајналфор турнирот во Келн.

Се вчитува...