ВИДЕО: Како Вардар за само четири минути доби два гола од Ренова…

Вардар одигра лошо прво полувреме на гостувањето против Ренова во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ по првите 45 минути имаат негатива од 2-0, дозволувајќи да примат два погодоци од „гипсарите“ за само четири минути.

Најпрво во 9. минута за водство на Ренова од 1-0 погодои Рамадани…. А, потоа во 13. минута по убава акција, за 2-0 погоди и Емануел Мбела, за сосема заслужено убедливо водство на домашните на полувремето.

Двата погодоци на Ренова може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...