ВИДЕО: Како Велинов и Работнички го запреа Скопје…

По осум натпревар без пораз оваа пролет запрено нижењето бодови за Скопје… Тимот од Автокоманда загуби во 27. коло на домашен терен од Работнички со 0-1.

Извонредната серија на тимот на Љупчо Марковски ја запре Стојанче Велинов во 81. минута од средбата. Најпрво изнуди пенал, а откако од белата точка Остоја Стјепановиќ го погоди дирекот на одбиената топка налета Велинов кој погоди за водство и конечен триумф на „романтичарите“…

Се вчитува...