ВИДЕО: Каков кикс на Захов – Фелипе од 30 метри за комплетен пресврт!

И покрај тоа што во два наврати имаше предност од 0-1 и 1-2, Шкендија на десет минути до крајот на дербито со Вардар сега веќе има негатива од 3-2.

Сето тоа благодарение на Хуан Фелипе кој со шут од 30 метри донесе водство од 3-2 за „вардарци“ во 73. минута, но и со голема помош на гостинскиот голман Костадин Захов кој неспретно киксираше…

А, во возбудливото второто полувреме, претходно Фелипе во 55. минута израмни од пенал…

Потоа, во 64. минута Бесарт Ибраими, исто така од пенал, донесе водство за Шкендија, а веќе во следниот напад по тргнувањето од центар, Дејан Блажевски израмни на 2-2 за Вардар.

Се вчитува...