Неверојатен пресврт на Дуделанж на арената „Филип Втори“ во Скопје. Со два погодоци за само четири минути Дуделанж веќе има предност од 1-2 против Шкендија во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа. И двата гола подарок од младиот голман на тетовци, Беким Реџепи.
Најпрво во 64. минута, Реџепи дозволи да го прелета една топка испратена речиси од противничкиот шеснаесетник за лесен погодок и израмнување на Дуделанж…
Веќе во 68. минута, аматерска реакција на Реџепи кој непотребно направи прекршок за пенал, и Синани погоди од белата точка за водство на гостите од 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА