ВИДЕО: Капитенот Грнчаров за водство на Вардар на полувремето со Силекс!

Вардар има предност од 1-0 на полувремето против Силекс на арената „Филип Втори“ во првиот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига, благодарение на погодокот на капитенот Бобан Грнчаров во 18. минута до средбата.

Сепак, кратовци се покажаа повеќе од цврст противник за македонскиот шампион. Имаа три можности во продолжението за израмнување кои не ги искористија, за да потоа и Вардар пропушти одлични шанси преку Барсегјан во 37. минута и Бесар Исени во 40. минута кој со извонреден шут од 25 метри ја погоди гредата од голот на Силекс.

Се вчитува...