Екипата на Тиквеш и покрај големите проблеми околу финансиерите, и промената на сопствениците во последните денови, сепак, се издигна над се и успеа да го победи тимот на Македонија ЃП со 2-1. Важна победа за кавадаречкиот тим, остварена на тежок начин, со оглед дека екипата на Ѓорче се покажа како жилав противник, и тим кој играше офанзивно и сакаше да дојде до победата. На крајот Тиквеш успеа да се одбрани, и да дојде до минимален триумф.
Тиквеш уште во 9. минута од средбата успеа да поведе. Центаршут од десната страна, а Садик со глава го совлада Јанков за предност на тимот од Кавадарци. Домашниот тим веднаш со шанса и да дојде до 2-0, но ја погоди само стативата.
Како одминуваше првиот дел, Македонија ЃП ја воспостави контролата и успеа да нападне, и неколку пати да се закани, меѓутоа не и да дојде до гол.
На стартот од вториот дел „лавовите“ успеаја да израмнат со гол од пенал. Илиески играше со рака во шеснаесеникот, по што Стоилов успеа да биде прецизен од белата точка.
Сепак, Тиквеш вторпат дојде до предност. Шут на Стојкоски и одбрана на Јанков, а топката стигна до Ивановски кој погоди во празниот гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

