ВИДЕО: Кикс до кикс… Победа за две минути до пресврт-триумф!

Прилепска Победа на неверојатен начин со два погодоци од контранапад во само две минути дојде до пресврт победа од 1-2 на гостувањето против Работнички на националната арена „Тодор Проески“ во 30. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ дојдоа до предност со убавиот погодок на бугарскиот интернационалец Вијачки уште во 12. минута од средбата. Но, во 74. минута, Трајче Ефремов го искористи големото недоразбирање во одбраната на Работнички. А, во 76. минута Ангелче Тимовски со убав волеј удар по нафрлањето на Каланоски ја донесе победата која остава надеж за опстанок и кај прилепчани.

Головите за пресврт победата на прилепчани може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...